пилешко со зеленчук во сос од вино 1

Пилешко со зеленчук во сос од вино

Вкусен специјалитет од нашата кујна! Брзо и лесно направете сочно пилешко со зеленчук припремено во сос од вино. Состојките кои се користат се нискокалорични, богати со растителни влакна, па овој рецепт го препорачуваме за сите кои внимаваат на својата тежина и водат здрав живот. Друга придобивка е тоа што ова јадење не содржи глутен. Штом еднаш ќе го пробате овој рецепт, сигурни сме дека ќе биде дел од вашето мени на омилени рецепти.

пилешко со зеленчук во сос од вино

Состојки:

  • 300 грама пилешко месо (батаци или стек)
  • 1 тиквичка со средна големина
  • 1 компир
  • 2 големи моркови
  • 4 зелени пиперки
  • 2 лажици масло
  • 50 мл бело вино
  • оригано
  • магдонос
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете го пилешкото месо да се вари. Вареното месо исечкајте го на парчиња. Потоа, зачинете го со сол, црн пипер и оригано. Во нелеплива тава на оган ставете го маслото да се загрее. Во загрееното масло ставете го пилешкото и пропржете за време од 5 минути. Потоа, пилешкото месо извадете го од тавата.
  2. Тиквичката, морковите, пиперката и компирот исечкајте ги на ленти.
  3. Во тавата во која се пржеше пилешкото месо додајте ги пиперките и пржете за време од 2 до 3 минути. Потоа во тавата додајте ги морковите и компирите. Пржете за време од 5 минути. Штом зеленчуците ќе се запржат, во тавата додајте ги тиквичките и запржете ги кратко време. Потоа тавата покријте ја со капак и оставете ги зеленчуците да се динстаат за време од 10 до 15 минути, додека тиквичките омекнат.
  4. На крај, во тавата додајте го белото вино, а капакот отстранете го и оставете зеленчуците да се динстаат уште 5 минути. Припременото пилешко со зеленчук во сос од вино послужете го додека е топло во комбинација со свежа салата.

Сподели: