пилешко со моркови во бел сос

Пилешко со моркови во бел сос

Време е за нешто ново и многу вкусно, а брзо и лесно за подготовка. Ако и вие не сакате да поминувате многу време во кујната, а сте љубител на специјалитети, ова е вистинскиот рецепт за вас: пилешко со моркови во бел сос.

А еве што вели Кате за сервирање на пилешкото во бел сос: „Изберете си по ваша желба со што ќе го послужите, во мојот случај овојпат беше пире“. Ние само ќе додадеме дека вреди да се проба!

пилешко со моркови во бел сос

Состојки:

  • 4 батаци
  • 1 помала главица кромид
  • 2-3 моркови
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 130-150 мл неутрална павлака за готвење
  • неколку гранчиња сечкан магдонос
  • 2 лажици рендано грана сирење (во замена може да користите пармезан)
  • по потреба сол  и црн пипер.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ги батаците и додајте вода. Оставете ги батаците да се варат на средно висока температура.
  2. Штом батаците ќе се сварат, тенџерето тргнете го од огнот. Од варените батаци извадете го месото и искинете го на парчиња.
  3. Кромидот и морковите изрендајте ги на ситната страна од рендето.
  4. Во тава на оган ставете ги путерот и маслото.
  5. Откако путерот ќе се растопи, во тавата додајте ги ренданиот кромид и моркови.
  6. Пржете ги на тивок оган, а потоа додајте ги парчињата месо.
  7. Откако се заедно ќе се пропржи додајте ја павлаката, сечканиот магдонос и сирењето.
  8. Посолете, наросете мелен црн пипер и кратко оставете да проврие заедно. Потоа, пилешкото во бел сос сервирајте го со пире, варен ориз или прилог по ваша желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигоровска.

Ви предлагаме да прочитате: Пилешко во бел сос

Сподели: