Пилинг од кафе против целулит и сува кожа

Целулитот, или како што уште се нарекува „портокалова кожа“ е вечен непријател на голем број жени. Приближно 90% од жените страдаат од целулит, а најголем број од нив започнуваат да преземаат активни мерки со приближувањето на летните денови.

Потрагата по козметички средства кои ќе го победат целулитот се одвива многу години. Целулитот најчесто се јавува на задникот, нозете, бутовите, стомакот, рацете и е причина за намалување на самодовербата кај повеќето жени. Можеби сте забележале дека во последно време, голем број на анти-целулитни кремови кои се наоѓаат по маркетите содржат кофеин. Познато е дека кофеинот ги проширува крвните садови, така што се зголемува брзината и количеството на крвниот притисок, се подобрува циркулацијата, а со тоа се намалува задржувањето на водата во организмот која ги притиска мастите кон кожата. На тој начин се постигнува убава кожа без целулит.

Ако сакате да се ослободите од кожата која наликува на кора од портокал со мали финансиски средства, направете домашни третмани кои може да бидат еднакво ефикасни против целулит како и најскапите третмани по козметичките салони. Пилингот од кафе лесно се прави, и ѝ помага на кожата да го врати сјајот и да ја намали отеченоста. Може да го користите за тело или да ја освежите кожата на лицето, а најдобро од сè, е што е воопшто не скап.

пилинг-од-кафе-целулит

Состојки:

  • 1 шолја кафе
  • 1 шолја шеќер
  • 1/2 шолја масло
  • 1 лажица цимет

Подготовка:

  1. Во сад ставете ги сите состојки и добро измешајте.
  2. Добиената смеса ставете ја во херметички затворен сад и чувајте ја на темно место.
  3. Пилингот нанесувајте го на влажна кожа со кружни движења неколку минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Редовната употреба на пилингот ќе го намали целулитот, ќе го врати сјајот и ќе ја хидрира вашата кожа. А карактеристичниот мирис на овој пилинг е нешто што сигурно никогаш нема да го заборавите.

Ви предлагаме да прочитате: 5 причини кои доведуваат до појава на целулит.

Сподели: