пирошки од палачинки

Пирошки од палачинки со фил од мелено месо и кашкавал

Вкусен специјалитет кој вреди да се проба! Невена е експерт за убави и вкусни јадења, а овој пат ни припреми одличен рецепт за пирошки од палачинки со фил од мелено месо и кашкавал. Сигурни сме дека ќе ви се допаднат. Мораат да се пробаат, нели?

пирошки од палачинки

Состојки:

  • 8 палачинки
  • 400 гр мешано мелено месо
  • 1 мала главица кромид
  • 1 морков
  • 2 лажици магдонос
  • ½ лажиче црн пипер
  • по вкус сол и мешан сув зачин
  • масло по потреба
  • 1 мало јајце
  • 100 гр кашкавал.

За поховање на палачинките:

  • 2 јајца
  • по потреба брашно
  • по потреба лебни трошки (презла)
  • по потреба масло за пржење на палачинките.

Подготовка:                

  1. Кромидот и морковот исечкајте ги многу ситно и пропржете ги во тава со загреано масло. Во тавата додајте ги меленото месо и зачините. Пржете додека омекне и испари течноста што ќе ја пушти месото. На крај додајте го магдоносот, измешајте ги состојките и тавата тргнете ја на страна за да излади месото.
  2. Кашкавалот изрендајте го на ситната страна од рендето.
  3. Јајцето ставете го во чинија и изматете го со виљушка.
  4. Потоа во тавата додајте го ренданиот кашкавал и изматеното јајце. Измешајте убаво за да се соединат состојките.
  5. Врз секоја палачинка ставите од филот, свиткајте ги краевите од страна и завиткајте ја во ролат. Краевите прицврстете го со чепкалка.
  6. Подготовените палачинки извалкајте ги во брашно, во изматените јајца и на крај во лебни трошки. Пржете ги во загреано масло на средна температура од сите страни, додека добијат румена боја.

Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска

Сподели: