пита со готови кори и сирење

Пита со готови кори и сирење

Ако не обожавате да месите, а печивата ви се омилени, ние имаме решение за вас. Ви предлагаме да го пробате рецептот за пита со готови кори и сирење, кој ни го испрати Катерина. Со малку труд направете вкусна пита.

пита со готови кори и сирење

Состојки:

  • 500 гр готови кори за пита
  • 4 јајца
  • 15 лажици млака вода
  • 10 лажици кисело млеко
  • 20 лажици масло
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 400 гр крем сирење (може да користите фета за замена)
  • по потреба сусам, ленено семе

Подготовка:

  1. Во длабок сад за матење ставете ги јајцата и изматете ги со миксер. Во садот додајте ги водата, маслото и јогуртот. Кратко изматете ги сите состојки, додајте го прашокот за печивото, крем сирењето и посолете. Убаво измешајте го филот.
  2. Земете една кора премачкајте ја со филот, врз неа ставете уште една кора и пак премачкајте од филот. Двете кори свиткајте ги во ролат, а потоа формирајте потковица со тоа што краевите ќе бидат споени. Постапката повторете ја со сите кори.
  3. Корите наредете ги во намрсен плех споени едно до друго и посипете ги со преостанатиот фил. Наросете ги со сусам и семки од лен. Питата печете ја во загреена рерна на 180 степени додека убаво зарумени. Печената пита со готови кори и сирење послужете ја топла со чаша јогурт. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска

Сподели: