Пица од шпагети 1

Пица од шпагети

Сте јаделе ли досега пица од шпагети, колку едноставна идеја, но некој треба да се сети да ја направи нели? Имаме одличен рецепт за вас, препорачуваме да го пробате што поскоро.

Како и секогаш на нејзината страница наоѓаме многу креативни рецепти. Лана од блогот Kuhinjica Mignone е вистинска инспирација за кујнски специјалитети!

Пица од шпагети 2

Состојки:

  • 350 гр шпагети
  • 1 главица кромид
  • 2-3 поголеми домати
  • 1 чешне лук
  • 100 гр сланина
  • 100 гр моцарела
  • неколку чери доматчиња
  • сол и црн пипер
  • масло.

Подготовка:

  1. Шпагетите варете ги во солена вода, но не ги варете многу за да не омекнат. Исцедете ги.
  2. Сосот направете од доматите или доколку немате домати/брзате и слично, може да употребите доматна салса. Доматите измијте ги и исечкајте ги на ситни коцки. Во истиот сад додајте го и ситно исечканиот лук.
  3. Кромидот излупете го и ситно исечкајте го. Пропржете го во малку масло, па додајте ги претходно припремените домати со лук.
  4. Смесата варете ја 10-тина минути додека сосот од домати се згусне.
  5. Тестенините распоредете ги во тава за печење во која сте ставиле малку масло.
  6. Одозгора ставете ги половинките чери домати, лентите сланина и коцките сирење. Прелијте со малку масло и ставете да се печи во загреана рерна на 180 степени, за време од 15-20 минути.
  7. Сервирајте додека пицата од шпагети е топла и по желба декорирајте со ситно сечкан свеж магдонос.

Забелешка: По желба може да додадете печурки, пиперки, чадено месо или што и да посакате. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Шпагети карбонара по италијански рецепт.

Сподели: