Плескавици со сос од пиво 1

Плескавици со сос од пиво

Прелијте ги сочните плескавици со сос од пиво и уживајте во вистинските гурмански ароми и вкусови! Ние го пробавме рецептов и многу ни се допадна.

Одлични за разни пригоди, за домашните и за гости, а посебно за сите љубители на вкусна храна со неодоливи сензации.

Плескавици со сос од пиво 2

Состојки:

За плескавици:

  • 2 средно големи главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 1/2 лута пиперка или малку лута пипер
  • половина снопче магдонос
  • 500 гр мелено телешко месо
  • 1 јајце
  • 2 лажици лебни трошки
  • сол и црн пипер по вкус

За сос:

  • малку масло за пржење
  • 2 средно големи главици кромид
  • 100 мл темно пиво
  • 150 мл јунешка (телешка) супа од коцка.

Подготовка:

  1. Излупете ги и ситно исечкајте ги кромидот и лукот. Добро е главиците кромид да ги сместите во одделни садови. Две од нив ќе ви бидат потребни за плескавиците, а другите две за подготовка на сосот.
  2. Пиперката исчистете ја од семките и исечкајте ја на ситни коцки.
  3. Магдоносот измијте го и исечкајте го на ситно, исто така.
  4. Месото измешајте го со сечканиот лук и кромид, магдоносот и пиперката или пиперта. Може да ја измесите смесата со рака.
  5. Потоа, додајте го јајцето, лебните трошки, солта и црниот пипер.
  6. Од добро измесената смеса направете плескавици. За полесно да ги обликувате може да ги навлажните рацете со малку вода или да користите најлонска фолија.
  7. Загрејте масло во тава на оган и испржете ги плескавиците од двете страни. Кога се готови извадете ги и оставете ги на топло место.
  8. Остатокот од кромидот испржете го во маслото во кое се пржеле плескавиците, па налејте го пивото и супата. На крај, со готовиот сос прелијте ги топлите плескавици. Прилогот го оставаме на вашите желби, а предлагаме да направите компир пире или динстан зеленчук.

Ви препорачуваме да прочитате: Посни плескавици од компири.

Сподели: