полнето телешко месо

Печено полнето телешко месо

Убав предлог за печено полнето телешко месо, во комбинација со компири и моркови, за свечени празнични прилики ни доаѓа од Kuhinjica Mignone.

Ако сакате за празниците да направите специјалитет од печено полнето телешко месо, имаме супер предлог за вас. Нашата пријателка Лана, сподели рецепт за сочно, меко полнето телешко месо со компири и моркови кое идеално се вклопува на сечија трпеза.

полнето телешко месо

Состојки:

  • 2 кг телешко месо од пределот на градите
  • 1 главица кромид
  • 2 земички или средина од леб
  • 100 грама чадена сланина
  • 2 пилешки џигери
  • 2 јајца
  • 2 до 3 лажици варен ориз
  • сол
  • црн пипер
  • магдонос
  • компири и моркови по желба.

Подготовка:

  1. Најдобро е при купување на месото да пробарате да ви направат отвор кој подоцна може да го користете за полнење.
  2. Телешкото месо измијте го, од сите страни насолете го и наросете го со црн пипер. Компирите и морковите излупете ги, измијте ги, а потоа исечете ги на коцки.
  3. Рерната приклучете ја да се загрее на 200 степени.
  4. Во чинија ставете малку млеко и потопете ги земичките или средината од лебот.
  5. Кромидот ситно исечкајте го. Сланината исечкајте ја на коцки. Во тава на оган ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го ситно сечканиот кромид и пропржете го. Потоа во тавата додајте ја и сланината и кратко пропржете.
  6. Пилешкиот црн дроб крупно исечкајте го. Магдоносот ситно исечкајте го.
  7. Тавата тргнете ја од оган и додајте ги потопените земички, исечканиот црн дроб, јајцата, варениот ориз, магдоносот, посолете и наросете црн пипер. Измешајте ги состојките и со приготвениот фил наполнете го телешкото месо. Телешкото месо зацврстете го со конец или чепкалки за заби. Ставете го во сад за печење, додајте малку масло и ставете ги лупените компири и моркови. Месото прелијте го со малку вода и садот покријте го со алуминиумска фолија.
  8. Ставете го да се пече на температура од 200 степени за време од 1,5 часа. Потоа, отстранете ја фолија и продолжете со печењето за време од 1 час. Во текот на печењето, месото повремено преливајте го со течноста од тавата.
  9. Печеното полнето телешко месо оставете го кратко да се излади, исечете го на парчиња и послужете го со гарнир од печените компири и моркови. Добар апетит!

Ви предлагаме да прочитате: Ролнички од месо и варени јајца.

Сподели: