Портокал - Портокали

Портокал – освежителен еликсир неопходен за ладните денови

Независно дали го користите како цеден сок од портокал или едноставно уживате во вкусот на свежи портокали, тие се одлични по своите карактеристики и пожелни за да бидат често застапени на нашето секојдневно мени. Како храна за одлична енергија или како лек за добро здравје и заштита од настинки и грип, портокалите се фантастичен извор на хранливи материи кои се поволни за здравјето.

Консумацијата на ова чудесно овошје е потребна преку целата година, а во периодот на ладните зимски денови на организмот му е потребна хранлива поддршка во превенција и заштита од настинки и грип, како и некои други заболувања. Портокалот е јужно овошје од групата на цитруси – агруми кое се одгледува во топлите краеви затоа што плодот и растението се осетливи на студ и ниски температури. И покрај тоа, нашето поднебје може да ужива во вкусот на свеж портокал преку целата година. Ова овошје се сметало дека е лековито уште од античко време, а во стара Грција било нарекувано овошје на боговите.

Корисните состојки во парче свеж портокал се многу бројни:

  • бета каротен и каротеноиди
  • растителни влакна
  • биофлавоноиди
  • целулоза
  • фолна киселина
  • растителни масла и масти
  • белковини
  • азотни материи
  • витамин А
  • витамините Б1 и Б2
  • витамин Ц
  • витамин Е
  • железо
  • ензими
  • етерични масла
  • калиум
  • калциум
  • магнезиум
  • минерални соли
  • органски киселини
  • јаглени хидрати
  • фитонциди
  • фосфор
  • овошни шеќери.
Портокал - Портокали

Лековитите својства од портокалите се многу и нивното дејство е корисно при следните состојби:

  • акни
  • алергии
  • анемија
  • астма
  • болести на грлото и носот, крајници
  • болки во стомакот и желудникот
  • бронгитис
  • главоголка
  • грип и настинки
  • депресија
  • дијабетес
  • екцем и херпес
  • непријатен здив од устата
  • за зајакнување на зглобовите
  • за нормален раст и развој
  • за подобра концентрација
  • против запек
  • помош при импотенција
  • инфекции на кожата и пеги
  • за зајакнување на нервниот систем
  • за силен имунитет и добар метаболизам
  • против кашлица и кивавица
  • крварење од нос
  • мигрена
  • мачнини и надуеност во стомакот
  • против канцерогени формации
  • за здрава плодност
  • несоница
  • нервоза
  • несвестица
  • опаѓање на косата и други проблеми со неа
  • за апетит
  • ПМС и менструални тегоби
  • подобра циркулација
  • против покачена температура
  • за подобра крвна слика
  • добра варење и функција на желудник, црева и жолчка
  • проблеми со вените и артериите
  • проблеми со бубрезите и уринарните патишта
  • за цврсти и здрави нокти
  • за здрави коски и заби
  • при проблем со крвниот притисок
  • за смирување на нервниот систем
  • подобра функција на црниот дроб
  • при бременост
  • за чиста и здрава кожа без акни, пеги и нездрави промени
  • синузитис
  • скорбут
  • против стареење и стрес
  • против згрутчување на крвта
  • спречува развој на микроорганизми
  • го забрзува разградувањето на мастите
  • одличен е против умор и воспаленија
  • хемороиди
  • шлог
  • хематоми (модри подливи од крв под кожата)
  • срцева болест.

Употреба и дејство

Портокалите обично и најдобро е да се користат свежи, а често луѓето ги обожаваат во вид на свежо цеден сок. Понекогаш и нивната кора може да се користи на креативни начини. Некогаш се користат како додаток за арома или за подготовка на егзотични пијалаци, како на пример бела сангрија (за рецепт клинете тука), рецепти во комбинација со чоколадо, а има можност и за нивна употреба во рамките на козметичката индустрија како дел од препаратите за нега на кожа или во парфеми или разни декоративни украси.

Се смета дека портокалите позитивно влијаат на крвните садови така што го намалуваат задебелувањето на артериите. Покрај нивното освежително дејство, може да ги пофалиме и поради нивните антиоксидативни својства кои се важни во превенција на некои видови на карцином, како што е на устата, дишните органи и органите за варење. Ова овошје е одличен чистач на организмот и дигестивниот систем од токсични и штетни материи.

Сподели: