Посен колач со афион и кокос.

Посен колач со афион и кокос

Супер рецепт за посен колач со афион и кокос! Вкус на сочност и прекрасна арома која опива и никако не може да ве остави рамнодушни!

Дозата на овој колач е за подлабок плех од шпоретот или длабока тава и од него излегуваат околу 40 парчиња. Доколку сакате да добиете помала доза, преполовете ги состојките.

Посен колач со афион и кокос

Состојки:

За пандишпан:

  • 6 шолји брашно
  • 3 шолји шеќер
  • 4 и 1/2 шолји кисела вода
  • 1 и 1/2 шолја масло
  • 2 лажички екстракт од ванила или 2 ќесички ванилин шеќер
  • 150 гр афион
  • 50 гр кокос
  • 100 гр сува брусница
  • 1 лажичка рум или екстракт од рум за брусницата.

За прелив:

  • 20 лажици вода
  • 10 лажици шеќер
  • 4 полни лажици какао
  • 80 гр маргарин.

Подготовка: 

  1. Во сад се ставаат брашното, шеќерот, ванилата, кокосот, афионот и брусницата, се мешаат и потоа се додаваат водата маслото и румот. Повторно убаво се меша. ( Доколку брусницата е посува и не е многу сочна, ставете ја во посебен сад во кој ќе додадете малку топла вода и ексрактот од рум, па оставете да стои така околу 10 минути. Колку е потопла водата, толку побрзо оди процесот. Потоа исцедете ги и додадете ги во смесата за колачот.)
  2. Печете на 190 степени  околу половина час.
  3. Во посебен сад ставете ги состојките за прелив и мешајте ги на среден оган додека убаво се растопат и смесата стане компактна. Оставете го потоа 10-тина минути за малку да се излади, а при тоа повремено мешајте за да не фати кора или нерамномерно да се здрви, па прелијте го колачот.
  4. По желба, одозгора можи да го посипите со кокос, па откако ќе подизлади, сечете го на коцки и уживајте со чаша топло млеко, кафе или чај.

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Сподели: