Посен колач со афион и ментол 1

Посен колач со афион и ментол

Посните рецепти се секогаш предизвик. Скоро и да нема домаќинка или домаќин, кои повремено имаат потреба да направат или едноставно сакаат да направат за своја душа некој ваков рецепт, како што е овој за посен колач со афион и ментол. Одличен е!

Драгата Кате ни дава вистинска причина за уживање во парче посен десерт. Ароматично и неодоливо за секој дегустатор.

Посен колач со афион и ментол 2

Состојки:

  • 4 чаши брашно
  • 2 чаши вода
  • 1 чаша масло
  • 2 чаши шеќер
  • 1/4 чаша ментол сируп
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 50 гр афион.

Забелешка: Користената чаша е со големина од 220 мл.

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и афионот.
  2. Потоа додајте ги водата, маслото и ментол сирупот.
  3. Измешајте убаво со жица за матење.
  4. Садот за печење премачкајте го со масло и посипете го со брашно.
  5. Турете ја смесата и печете на 180 степени, за време од околу 40 минути.
  6. Испечениот колач оставете убаво да се излади, а потоа исечете го на коцки и послужете се.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посен колач со афион и ментол.

Сподели: