посен мазник со кисела зелка

Од кујната на Марија Кочовска: Посен мазник со кисела зелка

„Вкусен, вегетаријански предлог за посен мазник со кисела зелка кој сигурно ќе ви се допадне и вам. Рецептот е повеќе пати испробан во нашата кујна, а одличен за збогатување на трпезата за време на пости, куќни слави, имендени или други свечености.

Редовно е на нашата листа на омилени рецепти кои традиционално ги приготвуваме за посните слави и имендени. Не двоумете се и пробајте го уште денес.“ – вели Марија, фудблогер и уредник на нашиот сајт.

посен мазник со кисела зелка

Состојки:

  • 700 гр брашно
  • 50 мл масло
  • 1 мала лажичка сол
  • млака вода по потреба
  • 1 главица кисела зелка (расол).

Подготовка:

  1. Брашното пресејте го со сито.
  2. Во длабок сад за месење ставете ги брашното, маслото, солта и постепено додавајте млака вода. Замесете меко тесто.
  3. Тестото поделете го на 4 дела. Од секој дел формирајте топка, а потоа со сукало исучете кора со дијаметар од 15 см. Корите од двете страни премачкајте ги со масло и оставете ги да стојат за време од 20 минути.
  4. Во меѓувреме, киселата зелка исечкајте ја. Во тава на оган ставете масло да се загрее. Во загреаното масло, ставете ја исечканата кисела зелка и пропржете за време од 10 до 15 минути.
  5. Потоа, врз масата ставете чаршав. Земете едно парче од тестото и врз чаршавот истегнете голема тенка кора. Краевите на кората отстранете ги со помош на нож. Кората попрскајте ја со масло и врз неа нанесете од пржената кисела зелка. Со помош на чаршавот, кората свиткајте ја како ролна. Постапката повторете ја со сите кори. Вака приготвените кори, ставете ги во претходно намрсена тава. Повторно попрскајте ги корите со малку масло и ставете ја тава во загреана рерна на 250 степени.
  6. Припремениот посен мазник со кисела зелка печете го за време од 20 до 25 минути, додека добие убава румена боја. Печениот мазник извадете го од рерната, прекријте го со кујнска крпа и оставете го кратко време да се излади. Потоа, исечете парчиња и послужете. На здравје!

Ако ти се допадна оваа идеја и сакаш да следиш повеќе рецепти од мене, посети ги моите профили и заследи ме:

Ви предлагаме да прочитате: Посен мазник со спанаќ.

Сподели: