Посна колач торта со какао и кафе 1

Посна колач торта со какао и кафе

Мека и привлечна за сечие око! Едноставна за подготовка и многу вкусна. Не треба да ја пропуштаме приликата да ја пробаме оваа посна колач торта со какао и кафе!

Еве што вели Катерина: „Едноставна посна торта со која го одбележавме мојот именден. Искрено толку мека торта досега немам пробано, вреди да се проба.“

Посна колач торта со какао и кафе 2

Може да ве интересира: Едноставна посна торта со јаболка и ореви.

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 120 гр шеќер
  • 6 гр инстант кафе во прав
  • 20 гр какао
  • 50 мл масло
  • 270 мл вода
  • 1 ќесичка праок за печиво

За посипување:

  • по потреба шеќер во прав.

Подготовка:

  1. Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и какаото.
  2. Во одделен сад растворете го кафето растворете со водата.
  3. Додајте го маслото и убаво измешајте.
  4. Со постојано мешање, во млаз додајте ги течните состојки, во садот со сувите состојки.
  5. Ставете ја смесата во тркалезен калап или тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.
  6. Печете на 180 степени, за време од 30 минути.
  7. Изладената торта посипете ја со шеќер во прав и послужете. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Брза посна торта со мармалад и ореви.

Сподели: