Посна компир пита во тава 1

Посна компир пита во тава

Ајде да пробаме малку поинаква пита спремана во тава! Лесна е за јадење, а вкусот одличен, лесен и богат истовремено. Добро е што вака припремената посна пита во тава може да се јаде, секогаш и секаде дури и за време на пости.

Кате од срце сподели со нас нејзино размислување и рече „Сакам понекогаш да сменам и да имаме на маса нешто ново, па уште ако излезе вкусно како што беше оваа пита ептен кејф ми се прави.“ Вреди да се проба, да знаете!

Посна компир пита во тава 2

Состојки:

За тесто:

  • 400 гр компири
  • 150 гр брашно
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка копар
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шафран
  • 1/2 филџан (од 120 мл) топла вода
  • малку црн пипер.

За фил:

  • 1филџан (од 120 мл) соја трошки
  • 1/2 страк праз
  • 3 лажици соја сос
  • 1 лажичка црвен пипер
  • по потреба маслиново масло, сол, црн пипер
  • 10 свежи шампињони
  • 1 морков
  • 2 кругови модар патлиџан
  • 2 чешниња лук
  • по потреба маслиново масло, сол.

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги и ставете да се варат. Откако ќе се сварат оставете убаво да се изладат, па изрендајте ги.
  2. Во топлата вода ставете го шафранот да се раствори.
  3. Во длабок сад ставете го брашното, ренданиот компир, маслото, копарот, солта, малку црн пипер и по потреба од водата во која е растворен шафранот(ќе ви бидат потребни неколку лажици. Водата додавајте ја постепено додека замесите тесто).
  4. Подготовка на филот. Во тава на оган ставете малку маслиново масло и додајте го исечканиот праз.
  5. Откако празот ќе се запржи додајте ги соја трошките (претходно накиснати со топла вода и исцедени).
  6. Додајте го црвениот пипер, соја сосот и малку вода. Оставете на тивок оган додека водата целосно испари.
  7. Во друга тава ставете маслиново масло и двете чешниња лук.
  8. Откако маслото ќе се ароматизира додајте ги шампињоните, исечени на листови. Пржете додека испари водата што ја пуштаат шампињоните.
  9. Потоа додајте ги ренданите моркови и ренданиот црн домат (може да ги ставите и сечкани, но рендани даваат покашеста смеса).
  10. Посолете, наросете црн пипер и оставете на оган додека се подзапржат морковот и модриот патлиџан. Доволно е само неколку минути бидејќи се рендани.
  11. Оваа смеса измешајте ја со претходно подготвените соини трошки.
  12. Тавата во која ќе ја спремате питата треба да биде нелеплива. Премачкајте ја со маслиново масло и ставете половина од тестото.
  13. Одозгора нанесете ја смесата за фил и поклопете со другата половина од тестото.
  14. Затворете ги убаво краевите на тестото, покријте со капак и ставете ја питата на тивок оган околу 15 минути.
  15. По 15 минути тргнете го капакот и поклопете со чинија чиј дијаметар е помал од тој на тавата во која ја печите питата.
  16. Превртете ја питата, а во меѓувреме тавата премачкајте ја повторно со малку маслиново масло.
  17. Оставете да се пржи и од другата страна 15 минути. Послужете ја топла со свежа салата по избор. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна фокача со фил од туна, кромид и домати.

Сподели: