Посна крем супа од тиква и зеленчук

Посна крем супа од тиква и зеленчук

Невена ни предлага здрав, посен и многу вкусен оброк кој се јаде топол. Приготвена од добро избрани состојки, нејзината посна крем супа од тиква и зеленчук добро ќе ни дојде на сите во ладниве денови. 

Посна крем супа од тиква и зеленчук

Состојки:

  • 500 гр тиква без кора и семки
  • 1 средно голем компир
  • 1 поголем морков
  • 1 мала главица кромид
  • 1 лажиче мешан сув зачин
  • сол, црн пипер и рендано морско оревче во количина по вкус
  • 1 – 1,2 л вода
  • 5 лажици масло.

Подготовка:

  1. Најпрво исечкајте ја тиквата на помали коцки.
  2. Компирот, морковот и кромидот прво излупете ги, а потоа и нив исечкајте ги на помали коцки.
  3. Ставете ги сите состојки во тенџере и  додајте ја водата, маслото и зачините по вкус.
  4. Оставете ги да варат околу 20 минути или додека зеленчукот омекне. Тенџерето тргнете го на страна и со блендер, кој може да е и рачен изблендирајте го зеленчукот да се добие изедначена кремаста смеса. Со оваа количина на вода мене густината е убаво изразена, а доколку сакате потечна супа може да додадете уште малку вода.
  5. Потоа, изблендираната смеса за посната крем супа треба да се вари кратко, при што малку ќе се згусти.
  6. Оставете ја да се вари на оган уште 10-тина минути.
  7. Чорбата послужете ја топла со лепче. Ако сакате луто може да си додадете и буковска пипер.

На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Сподели: