Посна манџа со фиде и зеленчук 1

Посна манџа со фиде и зеленчук

Колку е добро кога ќе погледнеме нова свежа идеја за размрдување на менито! Посебно е специфично кога треба да се подготви нешто посно и вкусно, слободно можеме да кажеме дека е предизвик кој треба да задоволи многу пребирливи вкусови. Баш таков е нашиов рецепт за посна манџа со фиде и зеленчук!

Одличен, вкусен, полн со хранливи состојки. Супер оброк за топлите денови и за сите кои постат. Да пробаме и да го уживаме новиот вкус!

Посна манџа со фиде и зеленчук 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Морковот измијте го и изрендајте го.
  2. Пиперката измијте ја, кромидот излупете го и исечкајте ги на ситни парчиња.
  3. Пропжете ги во тава со загреано масло за малку да омекнат.
  4. Потоа додајте го грашокот и доматот, претходно исечкан на коцки.
  5. Додајте и половина чаша вода и оставете ги да се варат додека водата целосно испари.
  6. Откако водата испарила додајте го фидето и 500 мл зовриена вода.
  7. Додајте ги и зачините по вкус, измешајте и оставете да се варат додека фидето омекне, а водата испари. Со оваа количина на вода смесата убаво се извари и беше доволна за фидето да биде не преварено.
  8. Готовата посна манџа со фиде и зеленчук е најдобра кога малку ќе се излади, па оставете ја кратко да постои и послужете ја со салата по желба.

На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посни плескавици од компири.

Сподели: