posna pica so pecurki 1

Посна пица со свежи печурки

Има некој што не обожава пица? Сигурно, не! Ако во деновите за пости ви се каснува пица, а не знаете добар рецепт, сега тоа е минато. Еве еден супер рецепт од кујната на Катерина, за вкусна посна пица направена со свежи печурки и доматен сос.

Без разлика дали постите или сте вегетаријанец, овој рецепт вреди да го пробате.

посна пица со печурки

Состојки:

  • 400 грама брашно
  • ½ коцка квасец
  • 1 мала лажичка сол
  • 3 – 4 лажици маслиново масло
  • по потреба топла вода
  • 300 грама соја трошки
  • 6 лажици доматна салса
  • 350 грама растителен кашкавал по желба
  • 400 грама свежи шампињони
  • по потреба маслиново масло
  • оригано.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете го пресеаното брашно. Во садот додајте ги квасецот, солта, маслиновото масло и измешајте ги состојките. Постепено во садот додавајте топла вода и замесете меко, но нелепливо тесто.
  2. Добро измесеното тесто, ставете го во садот, покријте го со кујнска крпа и оставете го да нарасне за време од 15 до 20 минути.
  3. Во меѓувреме, во тенџере на оган ставете 1 литар вода да се загрее. Штом водата ќе зоврие, ставете ги соја трошките и оставете ги за време од 10 до 15 минути. Потоа, омекнатите соја трошки добро исцедете ги од водата.
  4. Шампињоните исечкајте ги на тенки листови.
  5. Нараснатото тесто, поделете го на 2 дела. Од секој дел со помош на рацете развлечете кора.
  6. Корите ставете ги во тава за печење, која претходно сте ја намрсиле.
  7. Премачкајте ги со доматна салса, наредете го кашкавалот, соја трошките, па додајте ги сечканите печурки.
  8. Готовите пици попрскајте ги со маслиново масло и малку оригано.
  9. Печете во загреана рерна од 200 степени за време од 20 минути. Печената посна пица, извадете ја од рерната и оставете ја кратко време да се излади. Потоа, пресечете ја на парчиња и послужете. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Посна пица со туна и печурки.

Сподели: