посна пица со туна и печурки

Посна пица со туна и печурки

И во деновите на пост, може да уживате во вашето омилено јадење – пицата. Благодарение на Катерина, сега може да си направите вкусна посна пица со туна и печурки.

Наведените состојки во рецептот се доволни за две пици. Комбинацијата на доматна салца, туна, кромид, печурки и оригано, дава посебен вкус на оваа пица, а добро е што може да експериментирате во кујната и да додавате состојки по ваша желба. Ние ви предлагаме сечкани домати, пиперки или маслинки, а Катерина го испроба овој рецепт и со додаток од сечкана тиквичка.

посна пица со туна и печурки

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • ¼ коцка пивски квасец
  • ½ лажичка сол
  • 4 лажици маслиново масло
  • 200-220 мл топла вода
  • 6 лажици доматна салца
  • 320 гр туна од конзерва (во парчиња исцедена од маслото)
  • 1 главица кромид
  • 400 гр свежи шампињони
  • по потреба оригано.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете го брашното, квасецот, солта, маслиновото масло и додавајте топла вода по потреба. Замесете многу меко тесто.
  2. Тестото поделете го на 2 дела и оставете го во длабоки садови во кои ќе ставите по 1 лажичка маслиново масло.
  3. Садовите со тестото покријте ги со најлонска фолија и оставете ги во фрижидер да одстојат (најдобро преку ноќ).
  4. Во меѓувреме кромидот исечкајте го ситно, а шампињоните исечете ги на тенки листови.
  5. Од нараснатите тестата за пица со помош на рацете формирајте тенки кори и ставете ги во набрашнета тава за печење.
  6. Врз тестото ставете доматната салца и наросете оригано.
  7. Потоа, додајте ја туната, ситно сечканиот кромид и листовите шампињони.
  8. Посните пици попрскајте ги со маслото исцедено од туната и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, прво во долниот дел на шпоретот за време од 10минути, а потоа уште 10 минути на средната решетка. Печената посна пица извадете ја од рерна, оставете ја кратко време да се излади и послужете ја додека е топла. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска

Ви предлагме да прочитате: Кашел пица со маслинки.

Сподели: