посна погача 1

Посна погача со маслинки и зачини

Ако сте љубител на печива тогаш немојте да се двоумите да ја подготвите вкусна декоративна посна погача. Освен што одлично изгледа, оваа посна погача од нашата пријателка од блогот Trydiani, е збогатена со ароматичниот вкус на босилек, рузмарин, лук кој е дополнет со карактеристичниот вкус на маслинките. Вреди да се проба!

посна погача

Состојки:

  • 1 ½ чаша бело брашно тип 500
  • 1 до 1 ¼ чаша интегрално и ‘ржано брашно во однос 60/40
  • 1 чаша вода
  • 7 грама сув квасец
  • 1 мала лажичка шеќер
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 мала лажичка маслиново масло
  • 2 до 3 ситно сечкани чешлиња лук
  • 1 мала лажичка оригано
  • 1 мала лажичка босилек
  • 1 мала лажичка рузмарин
  • 1 мала лажичка свеж магдонос
  • 3 лажици маслиново масло
  • ¼ чаша секани маслинки
  • 1 лажици сечкани суви домати
  • ½ мала лажичка сол.

Подготовка:

  1. Во сад за месење се ставаат брашното, солта, шеќерот, сувиот квасец и се мешаат.
  2. Во садот се додаваат маслиновото масло и водата, и се замесува тесто. Тестото убаво се меси, а по потреба се додава брашно.
  3. Од измесеното тесто се формира топка. Тестото се става во садот за месење, се покрива со кујнска крпа и се остава на топло место за време од 1 до 1 ½ час за двојно да нарасне.
  4. Од нараснатото тесто со помош на сукало се сучи правоаголна кора. Врз кората се нанесуваат ситно сечканиот лук, сечканите домати, маслинките, зачините и се формира ролна. Со помош на остар нож, по должината се засекува ролната на два дела. Потоа двата дела се преплетуваат во форма на венец.
  5. Формираната погача се става во тава обложена со хартија за печење и се остава да нарасне за време од 15 до 20 минути.
  6. Погачата се пече во претходно загреена рерна на 175 до 180 степени за време од 25 до 30 минути, додека порумени.

Сподели: