Рецепт за посна проја со праз

Посна проја со праз

Барате нова идеја за посно јадење? Вие сте на вистинското место. Убава и посна проја со праз ни испрати Невена.

За да ја направите потребни ви се неколку едноставни состојки кои сигурно ги имате во кујната. За овој рецепт, Невена вели: „Посно, вкусно и ровко солено тортиче, никој не позна дека нема ни јајца ни млеко во составот. Како што гледате на сликата, пројата не е многу висока, па ако сакате повисока можете да користите или поголем филџан или да ја печете во помала тава“.

Па, ајде да ја пробаме!

Големината на филџанот е од 120 мл.

посна проја со праз

Состојки:

  • 3 филџани бело брашно
  • 2 филџани палента
  • 1 филџан масло
  • 2,5 филџани газирана вода
  • 15 гр прашак за печиво
  • 1 мала лажичка сол
  • 300 гр праз.

Подготовка:

  1. Празот исечкајте го многу ситно. Ставете го во сад и додајте ја солта и 2-3 лажици масло. Потоа изгмечете го да омекне и да пушти течност.
  2. Во садот каде ќе ја мешате пројата ставете ја палентата, брашното и прашокот за печивото просеани низ сито, празот и измешајте ги. Додајте ја газираната вода и маслото, и повторно измешајте да се изедначи смесата.
  3. Смесата турете ја во тава за печење намачкана со масло и посипана со брашно.
  4. Оставете ја да стои 30 минути. Потоа, вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени. Ставете ја пројата да се пече за време од 35 до 40 минути, а потоа оставете ја уште 5 до 6 минути во исклучена рерна.
  5. Печената посна проја со праз оставете ја да олади и потоа послужете се.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: 3 испробани рецепти за проја без глутен.

Сподели: