посна салата со макарони

Посна салата со макарони и зеленчук

Од кујната на Марија Кочовска! „Превкусна и брза посна салата со макарони и зеленчук. Секоја трпеза време на пости или куќни свечености ја красат вкусни салати. Ако не сакате да поминувате многу време во кујната, а ви се најавиле гости или имате некоја свеченост, ви предлагам да ја пробате оваа посна салата со макарони и зеленчук.“ – вели Марија.

По желба, салатата може да ја збогатите со печурки, маслинки или туна.

посна салата со макарони

Состојки:

  • 400 грама посни макарони
  • 400 грама златна мешавина (грашок, пченка, морков)
  • 10 кисели краставички
  • 150 грама кашкавал од растително потекло по желба
  • 4 лажици посен мајонез
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете 3 литри вода да се вари. Штом водата ќе зоврие, во тенџерето додадете ги макароните да се варат. Варете ги околу 10 минути, со повремено мешање во зависност од упатството наведено на пакувањето. Варените макарони исцедете ги и оставете ги да се изладат.
  2. Во тенџере на оган ставете ја златната мешавина. Додадете 1 литар вода и оставете ја мешавината да се вари, додека морковите омекнат. Штом морковите омекнат, тенџерето тргнете го од оган, исцедете го зеленчукот и оставете го да се излади.
  3. Киселите краставички и кашкавалот исечкајте ги на коцки.
  4. Во длабок сад ставете ги макароните, изладениот зеленчук, исечканите кисели краставички, кашкавалот, мајонезот, посолете по вкус и добро измешајте ги состојките. Приготвената посна салата со макарони може да ја чувате во фрижидер и да ја послужите во рок од еден ден. На здравје!

Препорака од авторот:

Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:

Може да те интересира: Кинеска салата со ориз.

Сподели: