посна салата со ориз, леќа и печурки

Посна салата со ориз, леќа и печурки

Оваа посна салата со ориз, леќа и печурки е идеален избор за секоја фамилијарна пригода, прослава или можете едноставно да ја искористите како идеја за оброк на работа, затоа што лесно се носи, многу е хранлива и изобилува со корисни состојки.

Посно, вегетаријанско, здраво и без глутен. Вреди да се проба!

посна салата со ориз, леќа и печурки

Состојки:

  • 400 г леќа
  • 400 г ориз
  • 300 г маринирани шампињони
  • 2-3 чешнина лук
  • 1 мала главица кромид
  • оригано по вкус
  • сол и црн пипер по вкус
  • и малку масло.

Подготовка:

  1. Најпрво исечкајте ги кромидот и лукот, а потоа со малку масло ставете ги во сад на оган да се пржат.
  2. Откако малку се запржиле, додајте го оризот и заедно пржете ги со повремено мешање.
  3. Потоа се додава водата и тоа во сооднос 1/2, односно на 1 шолја ориз се додаваат 2 шолји вода.
  4. Следно се додаваат леќата и вегетата, и заедно се варат, при што важно, пред да ја додадете леќата во садот со оризот, претходно да е малку варена, односно да се остави да врие неколку минути, па да се исцеди од водата и дури тогаш да се додаде во садот со оризот.
  5. На крај, додајте ги ситно сечканите шампињони и оригано по вкус, измешајте добро и уживајте во одличниот вкус на готовата посна салата со ориз и леќа.

Препорака: Измерете колку шолји добивате од оризот (400 г), за да добиете добар сооднос и густина на состојките/салатата.

Сподели: