посна торта со афион и вишни

Посна торта со афион и вишни

Обожаваме да се бериме со пријателите, да приготвуваме убави и вкусни јадења, и да уживаме во нивната дегустација. Така и овој пат, при прослава на нашите пријатели за куќна слава за време на пости имавме можност да ја дегустираме оваа вкусна посна торта со афион и вишни, па го побаравме рецептот и го споделуваме со вас.

Интересниот вкус од семето од афион, сочноста и аромата од желето од вишни и чоколадната глазура ќе ве натераат да ја направите оваа торта во првата прилика штом имате малку слободно време и желба да припремите нешто вкусно.

посна торта со афион, вишни и чоколадо

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 300 гр шеќер
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • 200 гр афион
  • 450 мл вода
  • 150 мл масло за јадење
  • 300 до 400 грама желе од вишни (во замена може да користите слатко или мармалад од вишни).

За чоколадна глазура:

  • 200 гр посно чоколадо
  • 6 лажици вода
  • 6 лажици масло
  • 6 лажици какао
  • 100 гр маргарин
  • 3 лажици шеќер.

Подготовка:

  1. Брашното пресејте го со сито за матење. Во длабок сад за матење ставете ги пресеаното брашно, шеќерот, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и афионот. Добро измешајте ги состојките со лажица.
  2. Потоа, во садот додајте ги водата и маслото, и измешајте ги со помош на жица за матење, додека се добие хомогена смеса.
  3. Во тава со димензии 20*30 см ставете хартија за печење. Во тавата турете ја смесата за тортата и убаво израмнете.
  4. Тавата ставете ја да се печи во загреана рерна на 180 степени за време од 20 минути. За да проверите дали е колачот готов, боцнете со дрвена чепкалка (ако е сува, значи колачот е печен). По потреба, продолжете со печењето. Печениот колач извадете го од рерната и оставете го да се излади.
  5. Врз изладениот колач нанесете од желето од вишни.
  6. Во тенџере на пареа ставете ги состојките за глазурата и мешајте ги додека чоколадото се растопи и се добие хомогена смеса. Со чоколадната глазура прелијте го колачот со афион. Почекајте кратко време, додека чоколадото малку се стегне, а потоа со нож исечете парчиња со големина по желба. Готовата посна торта со афион и вишни послужете ја изладена. На здравје!

Сподели: