posna-torta-so-jabolka-1

Посна торта со јаболка, цимет и кокос

Приготвена и испечена во нашата кујна! Сите љубители на посни десерти овој пат ќе ги почестиме со посна торта со јаболка и кокос.

Поедноставна и поевтина за правење, нема. Не ги обожаваме комплицираните рецепти, па затоа секогаш бараме рецепт кој е лесен и секој ќе може да го направи. Па, драги пријатели време е за чоколадната посна торта со јаболка, кокос и арома на ванила и цимет.

посна торта со јаболка

Состојки:

  • 1 кг јаболка
  • 4 филџани шеќер
  • 1 лажица сода бикрабона
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • цимет по вкус
  • 2 филџани масло
  • 2 филџани вода
  • 8 филџани брашно
  • 100 грама кокос
  • 2 лажици чоколадно какао.

Подготовка:

  1. Јаболката измијте ги и излупете ги. Потоа изрендајте ги на крупната страна на рендето и ставете ги во длабок сад. Во садот додајте го шеќерот и добро измешајте. Додајте ги и сода бикарбоната, ванилата и поросете цимет по желба.
  2. Оставете ги јаболката да стојат за време од 1 часа.
  3. Потоа во садот додајте ги маслото и водата. Измешајте ги состојките.
  4. Брашното и какаото измешајте ги по посебен сад. Потоа, додајте ги во смесата со ренданите јаболка. На крај, додајте го кокосот.
  5. Смесата ставете ја во правоаголна тава (големина број 40) обложена со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 220 степени за време од 10 до 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и продолжете со печење уште 45 до 60 минути. Печената посна торта со јаболка оставете ја да се излади, а потоа исечете парчиња по желба. Пред служење секое парче поросете го шеќер во прав. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Брза посна торта со кокос и портокал.

Сподели: