Посна чорба од компири и праз 2

Посна чорба од компири и праз

Оваа прекрасна кремаста чорба од компири и праз е предлог на креативната Невена. Можете да ја јадете како предјадење или лесна вечера, а при тоа ќе уживате во беспрекорно убавата боја која се создава благодарение на зелено белиот изглед на празот и кремастите компири.

Се прави прилично брзо и доста лесно, а е погодна за секоја возраст од најмлади до највозрасни. Интересна е за изглед, па веројатно ќе им се допадне и на вашите дечиња. Исто така, може да ја јадете и за време на пост.

posna corba so kompiri i praz 2

Состојки:

  • 800 гр компири
  • 350 гр праз
  • 6-7 лажици маслиново масло
  • 1 лажиче мешан сув зачин
  • сол и црн пипер по вкус
  • 1 литар вода.

Подготовка:

  1. Компирите прво измијте ги и излупете ги, па исечете ги на плочки.
  2. Празот исечкајте го на поситни парченца.
  3. Ставете ги во тенџере, додајте ја водата, маслото и зачините по вкус. Оставете ги да варат додека омекнат.
  4. Откако се сварил зеленчукот убаво изблендирајте го за да се изедначи, па вратете го на оган да повари уште 1-2 минути. Со оваа количина на вода ќе добиете поизразена густина на чорбата, а ако сакате да биде поретка може да додадете уште малку вода.
  5. Готовата посна чорба со компири и праз послужете ја топла со лепче и салата по желба.

На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате и посна крем чорба од брокула.

Сподели: