Посна штрудла со јаболка и суво овошје

Супер рецепт за посна штрудла со јаболка и суво овошје ни доаѓа од блогот Kuhinjica Mignone. Исклучително вкусна и идеална за време на пости и празнични денови.

Лана за оваа штрудла вели: „Ова е една штрудла која има раскошен вкус и прво што ќе почувствувате кога ќе вкусите се парчињата суво овошје, потоа крцкавите парчиња ореви или лешници и на крај, благ, освежителен вкус од јаболката.“

посна штрудла со јаболка

Состојки:

  • 500 грама готови кори за баклава
  • 1,5 кг јаболка
  • 200 грама суво грозје
  • 200 грама суви сливи
  • 200 грама суви кајсии
  • цимет
  • рогач
  • ореви
  • бадеми или лешници
  • шеќер по желба
  • кора од лимон
  • гриз по потреба
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Сувото овошје ставете го во 1 литар овошен чај и оставете го додека омекне.
  2. Јаболката измијте ги и излупете ги. Потоа изрендајте ги и ставете ги во длабок сад. Исцедете ги и вратете ги во садот.
  3. Во садот додајте го сувото грозје, сувите сливи, кајсии, оревите, бадемите, кората од лимон и зачинете со цимет и рогач по вкус.
  4. Земете една кора и премачкајте ја со малку масло. Поросете малку гриз. Над неа ставете втора кора, а потоа и трета. Врз секоја кора поросете со гриз. Врз третата кора ставете фил и корите завиткајте ги како ролат. Филот може да го распоредите врз целата кора или да го ставите на едниот крај. Било како и да го распоредите, нема некоја голема разлика. Постапката повторете ја додека ги потрошите сите состојки.
  5. Штрудлите премачкајте ги со 100 мл вода и ставете ги да се печат во загреана рерна на 170 степени. По 10 минути од печењето, извадете ја штрудлата од рерна и премачкајте ја со масло. Продолжете со печењето уште 35 минути. Кога штрудлата ќе се излади, посипете ја со шеќер во прав. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Колач со јаболка, цимет и јаткасти плодови.

Сподели: