Посни бомбици со јаболка и јаткасти плодови.

Посни бомбици со јаболка и јаткасти плодови

Доколку сакате да се заблажите, а тоа да биде посно и што помалку калорично, нашите посни бомбици со јаболка и јаткасти плодови се одличен избор за вас. Совршени за сладење со кафе, честење и разни убави поводи и прослави. Лесни и брзи за правење, па без двоумење ве советуваме да ги пробате во првата погодна прилика.

Јаболката изобилуваат со исклучително многу растителни влакна, а тие се одлични за правилна работа на дигестивниот систем. Позитивно влијаат на здравјето на срцето и крвните садови, а многу се корисни и за одржување на силен имунитет. Богати се со антиоксиданси, па се многу корисни во превенција на рак. Исто така, јаболката се богати со големи количини на витамин Ц, витамини од групата Б, железо, магнезиум, калциум,калиум, фосфор и цинк, кои се потребни за организмот да може да функционира правилно и добро. Бидејќи се корисна храна, ги искористивме за подготовка на овој прекрасен десерт кој не треба да пропуштите да го пробате. Свежо и  вкусно за сите!

Посни бомбици со јаболка и јаткасти плодови

Состојки:

  • 5-6 јаболка со средна големина
  • 150 гр шеќер
  • 150 гр посни бисквити
  • 150 гр мелени ореви или бадеми.

Подготовка:

  1. Јаболката најпрво се мијат и се лупат, а потоа се рендаат.
  2. Во садот со јаболката се додаваат и шеќерот и ситно мелените посни бисквити, по што со помош на миксер убаво се мешаат состојките за да се формира изедначена смеса.
  3. Од така припремената смеса се формираат посни бомбици, кои потоа се валкаат со мелени ореви или бадеми по желба.

Вкусот е извонреден, преубави се!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Сподели: