коктел кифлички од лиснато тесто

Посни коктел кифлички од лиснато тесто

Еве еден предлог за коктел кифлички од лиснато тесто со посни додатоци, декоративни и погодни за именден, роденден, слава…

Рецептот ни доаѓа од кујната на Невена, а ние ќе го препорачаме за сите домаќини и домаќинки, кои не сакаат многу време да минуваат во кујната, немаат големо искуство за месење, а сакаат да го изненадат семејството и пријателите.

кифлички од лиснато тесто

Состојки:

  • 1 лист од 275 гр лиснато тесто

Додатоци по потреба:

  • шери домати, оригано
  • туна и капари
  • маринирани печурки
  • црни и зелени маслинки.

Подготовка:

  1. Најпрво подгответе ги додатоците за одозгора.
  2. Шери доматите исечете ги на крукчиња, туната исцедете ја од маслото, капарите и печурките од течноста. Маслинките исечете ги на крукчиња или на четвртинки или осминки.
  3. Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.
  4. Лиснатото тесто исечете го на квадрати од 5 см или поголеми, по ваша желба.
  5. Ставете ги во тава за печење.
  6. На некои квадрати ставите парче домат и посипете го со малку оригано, на некои малку туна и 1-2 капари, на некои печурки и маслинки.
  7. Јас неколку ги направив со два квадрати еден над друг и меѓу ги намачкав со малку вода да се залепат и така да ми дојдат повисоки.
  8. Ставете ги да се печат во загреаната рерна за време од 15 минути. Печените кифлички од лиснато тесто оставете ги кратко да се изладат, а потоа послужете ги. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Пица од лиснато тесто – тарт.

Сподели: