посни колачи со пиво

Посни колачи со пиво, гриз и кокос

Посни колачи за сечиј вкус! Рецептот е од нашата пријателка Елена, а овие посни колачи со пиво, гриз и кокос се приготвуваат многу едноставно и лесно. Пивото има дава ровитост, а кокосот ја збогатува нивната арома. По желба во шербетот може да додадете една до две ќесички ванилин шеќер и свежо цеден сок од лимон. Во некои краеви на Македонија вкусните посни колачи со пиво се познати како пиварки.

посни колачи со пиво

Состојки:

  • 3 чаши брашно
  • 1 чаша масло
  • ½  чаша пиво
  • ½ ќесичка прашок за печиво
  • ½ чаша гриз

Шербет:

  • 600 гр шеќер
  • 450 мл вода.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете ги брашното, маслото, пивото, прашокот за печиво и гризот. Добро измешајте ги и замесете тесто.
  2. Со помош на сукало, од тестото исучете кора. Со кружен калап или мала чаша од кората исечете кругови.
  3. Колачите редете ги во намрсена тава за печење. Печете ги во загреена рерна на 220 степени за време од 15 до 20 минути, додека добијат румена боја.
  4. Печените колачи оставете ги да се изладат.
  5. Во тенџере на оган ставете ги шеќерот и водата да се варат. Шербетот варете го 5 минути, а потоа оставете го кратко време да се излади.
  6. Изладените колачиња потопете ги во шербетот за време од 5 минути, за убаво да упијат од течноста, а потоа наросете ги со кокос.

Сподели: