Посни лепчиња со компир и маслинки 1

Посни лепчиња со компир и маслинки

Одлични се топли, а и ладни, премеки се! Малечки или големи, вие ќе одредите колкави сакате да бидат, важно е што со нивниот избор на состојки овие посни лепчиња со компир се многу вкусни.

Можете да ги комбинирате со некој солен намаз или со разни јадења, нудат разни можности!

Посни лепчиња со компир и маслинки 2

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 1 компир (околу 250 гр)
  • 10 лажици масло
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 1/2 коцка квасец (20 грама)
  • околу 300 мл или по потреба топла вода
  • 150 гр црни маслинки исчистени од семките.

Подготовка:

  1. Компирот измијте го и ставете го да се вари со се лушпа додека омекне.
  2. Оставете го да се излади, излупете го и изгмечете го со алатка во пире.
  3. Квасецот растворете го со малку вода и шеќерот.
  4. Во сад за месење ставете ги брашното, пирето, квасецот, маслото, солта и со постепено додавање на водата замесете меко тесто.
  5. Додајте ги маслинките и повторно измесете за убаво да се распределат во тестото.
  6. Тестото покријте го со најлонска фолија и оставете го околу 30-минути за да нарасне.
  7. Потоа премесете го, направете 12 мали лепчиња и наредете ги во намрсен плех. Малите лепчиња оставете ги да нараснат дополнителни 30-тина минути.
  8. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени.
  9. Ставете ги да се печат околу 30 минути, да добијат црвенкаста боја. Печените лепчиња со компир и маслинки оставете ги кратко време да се изладат, а потоа послужете ги.

Рецептот го испратил:  Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате:Печени посни пирошки со фил од компири.

Сподели: