посни панцероти

Посни панцероти со фил од шампињони

Има многу посни јадења, а еден специјалитет кој сигурно ќе ви се допадне се вкусните посни панцероти со фил од шампињони и домати по рецепт од Катерина.

Вреди да одвоите малку време и да направите нешто вкусно за појадок или ужина. А за поздрава варијанта ви предлагаме наместо бело, да користите интегрално брашно.  Наведените состојки во рецептот се доволни за 2 панцероти, а по желба може да ги зголемите.

посни панцероти

Состојки:

  • 135 грама брашно
  • ¼ лажичка сол
  • прстофат шеќер
  • прстофат свеж квасец
  • по потреба топла вода
  • 15-тина свежи шампињони
  • 4 сечкани шери домати
  • по потреба оригано

Подготовка:

  1. Брашното, солта, шеќерот, квасецот и водата ставете ги во сад за месење. Замесете средно меко нелепливо тесто и оставете го да нарасне.
  2. Во меѓувреме подгответе го филот. Во тава на оган ставете масло да се загрее. Во загрееното масло пропржете ги печурките.
  3. Шери доматите исечкајте ги на половина.
  4. Штом печурките ќе се запржат, тавата тргнете ја од огнот, додајте ги сечканите шери домати и ориганото. Измешајте да се соединат состојките и посолете по вкус.
  5. Тестото поделете го на 2 дела. Од секој дел расукајте мала кора.
    На едната половина ставете половина од филот со печурки и шери домати.
    Преклопете и убаво затворете ги краевите.
  6. Во тава на оган ставете малку масло да се загрее. Во загрееното масло ставете ги панцеротите и пржете ги на тивок оган од двете страни. Пржените посни панцероти извадете ги врз кујнска хартија и оставете ги кратко време за да се впие вишокот на масло. Послужете ги додека се топли.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска

Ви предлагаме да прочитате: Посни пирошки од палачинки со фил од печурки.

Сподели: