Посни плескавици од грав 1

Посни плескавици од грав

Досега немавме пробано нешто вакво, ама ете, благодарение на Кате, имавме супер можност да пробаме нешто ново и проверено вкусно. Овие посни плескавици од грав се одлично јадење, супер за главен оброк, а може да ги подготвите и како мезе за со омиленото пиво со пријателите.

Предлагаме да ги направите и да поканите гости на дегустација драги пријатели или расположени роднини. Кога друштвото е добро, мезењето оди уште поубаво!

Посни плескавици од грав 2

Состојки:

  • 250 гр грав
  • 1 филџан соја трошки
  • 1 сува пиперка
  • 1 варен компир
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици лебни трошки
  • палента за похување на плескавиците по потреба.

Подготовка:

  1. Најпрво ставете го гравот да се вари. Иако не е задолжително, предлагаме претходно да го оставите гравот да стои во вода, најмалку 3-4 часа, а подобро преку ноќта.
  2. Сварениот грав испасирајте го, додајте ги соините трошки (претходно потопени во топла вода и исцедени).
  3. Компирот изрендајте го, а лукот и кромидот ситно исечкајте ги.
  4. Додајте ги сите состојки во садот со сварениот грав.
  5. Убаво измешајте ја смесата да се соединат состојките, па оставете ја да стои во фрижидер околу 15 минути.
  6. Од смесата формирајте плескавици, свалкајте ги во палента и пржете ги на загреано масло. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посни плескавици од компири.

Сподели: