Посни плескавици од компири 1

Посни плескавици од компири

Директно од нашата кујна, специјално за сите кои обожаваат посна храна или едноставно го сакаат вкусот на вегетаријанските рецепти. Не пропуштајте да ги пробате нашите посни плескавици од компири!

Посни плескавици од компири 2

Состојки:

  • 4-5 поголеми компири
  • 1 главица кромид
  • 200 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 50 мл масло
  • 3 лажички оригано
  • 2 лажички црн пипер
  • 1 и 1/2 лажиче сол
  • вода по потреба (30-50 мл).

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете ги компирите да се варат,  а пред тоа измијте ги, излупете и пресечете ги на парчиња, а доколку сакате да го погледнете методот за најбрзо варење на компири кликнете овде.
  2. Откако компирите ќе се сварат исцедете ги и испасирајте ги.
  3. Исто така изрендајте го или ситно исечкајте го кромидот, а доколку не сакате многу да го чувствувате предлагаме малку да го запржите.
  4. Иситнетите компири и кромидот, ставете ги во поголем сад за месење, а потоа додајте ги брашното, печивото, ориганото, солта и црниот пипер и на крај додадете го маслото. Количината на вода која ќе ја додадете може да варира од 30-50 мл зависно од тоа колку добро сте ги исцедиле компирите на почеток.
  5. Смесата убаво се меси со раце и треба да е мазна и доволно густа за да може да се оформат убави посни плескавици од компири.
  6. Готовите посни плескавици печете ги во претходно намрсен плех или најдобро обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени додека добијат убава златеста нијанса како на фотографијата.

Одлични се за мезење или како главно јадење за време на постите или за оние кои обожаваат вегетаријанска храна. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате и посни плескавици од наут со тиквички.

Сподели: