посни-рафаело-бомбици-1

Посни Рафаело бомбици

На љубителите на кокос, рафаело бомбиците им се сигурно омилениот десерт. Затоа ви предлагаме да го пробате овој едноставен рецепт за подготвување на посни Рафаело бомбици на кои никој нема да остане рамнодушен. Потребни ви се 15 минути да ги припремите, а се подеднакво вкусни како и рафаело бомбиците кои се приготвуваат со млеко, и што е важно, не содржат маргарин!

посни рафаело бомбици

Состојки:

  • 1 ќесичка прашок за пудинг од ванила
  • 250 мл вода
  • 3 лажици шеќер
  • 200 грама кокосово брашно
  • 50 лешници

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ја водата да се вари.
  2. Прашокот за пудинг и шеќерот ставете ги во длабока чинија и измешајте ги. Во чинијата додадете малку вода (50 мл) и измешајте ги состојките за да се добие хомогена смеса.
  3. Штом водата ќе зоврие, во тенџерето додадете ја разматената смеса за пудинг. Варете го пудингот околу 2 до 3 минути, со постојано мешање, додека смесата се згусти. Варениот пудинг, тргнете го од оган и оставете го 5 минути да се излади.
  4. Во пудингот додадете го кокосовото брашно и измешајте за да се соединат состојките. Од смесата формирајте мало топче, потоа притиснете го со прстите и во средината ставете лешник. Повторно формирајте бомбица и испрпелајте ја во кокосово брашно. Постапка повторете ја додека смесата се потроши.
  5. Припремените посни Рафаело бомбици сервирајте ги во хартиени корпички, а може да ги чувајте во фрижидер или да ги замрзите.

Поканете ги вашите најблиски и заедно уживајте во десертот. Пријатен апетит!

Сподели: