Посни сарми по оригинален прилепски рецепт

Посни сарми по оригинален прилепски рецепт

Прилепските посни сарми се надалеку познати по својата уникатност! Многу малечки како палче, велат прилепчани. Тие се вкусно и хранливо богатство од витамин Ц и често застапени на посните трпезите за куќните слави, а еве како може да ги направите по оригинален рецепт баш на прилепски начин!

Посни сарми по оригинален прилепски рецепт

Состојки:

  • 4 помали кисели зелки
  • 200 мл масло
  • 4 лажици црвен пипер
  • црн пипер

За полнеж:

  • 500 гр ориз
  • 1 лажиче сол
  • црн пипер
  • 300 мл масло

Подготовка:

  1. Оризот, црниот пипер, солта, црвениот пипер и маслото се мешаат заедно.
  2. Се сечат листови од зелката на мали парчиња.
  3. Се става од полнежот по неколку зрна ориз и се виткаат, па се стегнуваат во рака да бидат цврсти.
  4. На дното од тенџерото се поставуваат листови од зелка и се редат, кога ќе се исполни првиот ред се потура со малку масло, црвен и црн пипер.
  5. Потоа се реди вториот дел и повторно се потура со масло, црвен и црн пипер.
  6. Се покрива со листови од зелка и се долева вода, се вари 3-4 саати.

Рецептот го испратил:  Маја Долеска.

Сподели: