посни сникерс бомбици

Посни Сникерс бомбици

На многумина Сникерс чоколадото им е омилено. Ако и вие сте дел од обожавателите на кикиритки и чоколадо, ви предлагаме да го пробате рецептот од нашата кујна за посни сникерс бомбици. Едноставно, лесно и без маргарин направете вкусни мали чоколадни колачиња кои совршено би се вклопиле на секоја трпеза.

посни сникерс бомбици

Состојки:

  • 100 мл вода
  • 2 лажици шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 200 грама посно чоколадо за готвење
  • 300 грама толчени или крупно мелени кикири за слатки
  • 200 грама толчени или крупно мелени посни бисквити
  • 2 лажици масло.

Подготовка:

  1. Водата, шеќерот, ванилата ставете ги во тенџере на оган. Повремено мешајте ги за да се растопи шеќерот.
  2. Штом шербетот ќе зоврие тенџерето тргнете го и додадете 100 грама чоколадо. Мешајте за да се растопи чоколадото.
  3. Во тенџерето додадете ги бисквитите и 200 грама кикири. Измешајте за да се добие хомогена смеса и оставете го тенџерето во фрижидер за време од 30 минути.
  4. Од изладената смеса формирајте бомбици. Бомбиците ставете ги во замрзнувач за време од 2 до 3 часа, а најдобро е преку ноќ.
  5. Преостанатото чоколадо растопете го во сад на пареа. Во чоколадото додадете 2 лажици масло и измешајте.
  6. Изладените сникерс бомбици прелијте ги со растопеното чоколадо и валкајте ги во преостанатите кикири. На здравје!

Сподели: