посни солени бомбици

Посни солени бомбици со компири

Ако барате лесен и брз рецепт за совршено мезе со пријателите ви предлагаме да направите посни солени бомбици.  Покрај тоа, совршено се вкопуваат на секоја празнична трпеза. Бидете креативни и додадете состојки по ваш избор, како кисели краставички, печурки или маслинки. Експериментирајте и забавувајте се во кујната!

посни солени бомбици

Состојки:

  • компири
  • 150 гр кашкавал од растително потекло
  • 3 лажици посен мајонез
  • сол и црн пипер по вкус

Подготовка:

  1. Компирите измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на коцки.
  2. Во тенџере на оган ставете вода и додадете ги компирите. Оставете компирите да се варат.
  3. Во меѓувреме, на ситната страна на рендето изрендајте го кашкавалот.
  4. Варените компири исцедете ги и испасирајте ги. Во пирето од компири, додадете го ренданиот кашкавал, мајонезот и зачинете по вкус. Од смесата формирајте бомбици.
  5. Бомбиците валкајте ги во ситно рендан растителен кашкавал. По желба наместо кашкавал за декорација може да искористите печен сусам, сончоглед, ленено семе, магдонос или крупна црвена пипер. Приготвените посни солени бомбици оставете да се изладат и послужете ги. На здравје!

Сподели: