ќофтиња со киноа

Посни ќофтиња со киноа, компири и коприва

Со доаѓањето на пролетта се буди природата. Токму од неа може да се искористат најлековитите храни како што е копривата. Можеби досега копривата ја користевте за пити или чорба, а сега имаме нов рецепт. На предлог на нашата Диана, го споделуваме рецептот за посни ќофтиња со киноа, компири и коприва.

Сега е сезоната на копривата! Младите, свежи и лековити стебленца, вклучете ги во исхраната. Младите, здрави и сочни листови од коприва се берат од април до август, штом растението ќе достигне висина до 20 см. Се препорачува бербата на листовите да биде во пролет,  затоа што тогаш имаат најдобар квалитет. А доколку немате коприва на располагање, слободно заменете ја со спанаќ.

посни ќофтиња со киноа

Состојки:

  • 1 ½ чаша листови од свежа коприва
  • 2 чаши варена киноа (околу 120 грама киноа)
  • 1 чаша варени компири (околу 2 средни компири)
  • 1 до 2 страка млад кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 до 2 лажици масло
  • ½ мала лажичка црвена пипер
  • 1 мала лажичка сушен зеленчук
  • 1 лажичка сечкан магдонос
  • сол и црн пипер по вкус
  • 1 чаша лебни трошки
  • 2 до 3 лажици масло за пржење.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган се става 2/3 од чашата киноа. Се додава 1 ½ чаша вода. Киноата се вари за време од 20-тина минути.
  2. Компирите се мијат, чистат и се ставаат неизлупени да се варат во тенџере со вода. Се варат околу 20 до 30 минути, во зависност од големината на компирите. Доколку немате многу време на располагање
  3. Во тава со загреано масло се ставаат ситно сечканиот кромид и лук да се пржат. Штом омекнат, во тавата се додаваат исчистената коприва и кратко се запржува.
  4. Тавата се трга од огнот и запржените коприви се зачинуваат со мешан сушен зеленчук, црвена пипер, сол и црн пипер по вкус.
  5. Варените компири се рендаат со ренде или се пасираат. Се ставаат во длабок сад и се додаваат варената и изладена киноа, и запржената коприва. Во садот се додаваат сечканиот магдонос и се зачинува со сол и црн пипер по вкус. Смесата убава се меша и се остава во фрижидер околу ½ до 1 час. Потоа се формираат ќофтиња и се пржат во нелеплива тава со малку масло, на средна температура. Штом ќофтињата добијат златеста боја се вадат од тавата. Се ставаат врз кујнска салфетка за да се впие вишокот на масло. Топлите посни ќофтиња со киноа, компири и коприва се сервираат веднаш со посен мајонез, свежа салата или сос од домати. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посни ќофтиња од компири и ориз.

Сподели: