Посно сирење од млеко од соја 1

Посно сирење од млеко од соја

Подготовката на ова домашно и посно сирење од млеко од соја е брза и едноставна. Потребни ви се неколку состојки и кратко време за да го направите, а на крајот од рецептот ви откриваме и повеќе идеи како да го користите.

Невена ни кажа дека од предложената доза доби околу 250 гр сирење, односно парчето кое може да го погледнете на фотографијата подолу. При различни рецепти на интернет сме сретнале информација дека лимоновиот сок во составот може да го замените со јаболкова киселина. Во секој случај, ние сме сигурни во рецептот на Невена, бидејќи е испробан, па би препорачале сепак да користите лимонов сок.

Посно сирење од млеко од соја 2

 Состојки:

  • 1 л млеко од соја без шеќер
  • 40 мл исцеден сок од лимон
  • 1 лажиче сол.

Подготовка:

  1. Млекото од соја ставете го да зоврие.
  2. Откако ќе зоврие, тенџерето тргнете го од огнот, додајте го сокот од лимон и мешајте го 1-2 минути. Додајте ја и солта. Веднаш ќе забележите дека сирењето почнува да се прави.
  3. Потоа покријте го со капак и оставете го да се лади околу 1 час.
  4. Во цедилка ставете газа, а потоа турете ја смесата со сурутка и оставете го сирењето да се цеди. Добро е да го направите навечер и да го оставите преку ноќта.
  5. Добиеното сирење има мазна структура, исто како рикота сирење со нежно киселкаст вкус. Може да го употребите за замена за обичното сирење, во салати, во комбинација со тестенини, да си додадете зачини по вкус или да си го мачкате на леб.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 здрави и испробани рецепти за посни намази.

Сподели: