Посно чоколадно смути

Прекрасен чоколаден напиток за вкусно уживање со најмилите! Нашиот рецепт за посно чоколадно смути кој ни го испрати Невена е фантастичен, зашто може да го пијат и оние кои постат, оние кои обожаваат вегански и вегетаријански начин на живот и сите кои умеат да уживаат во слатките задоволства кои ги нуди животот.

Посно чоколадно смути

Состојки:

  • 1/2 авокадо
  • 1 мала зрела банана
  • 1 полна лажица какао
  • 2 полни лажици мед
  • 1/2 лажиче нане
  • 250 мл млеко од соја со вкус на ванила.

Подготовка:

  1. Бананата и авокадото излупете ги и исечете ги на помали парчиња.
  2. Ставете ги во блендер и додајте ги и останатите состојки.
  3. Блендирајте ги додека добиете изедначена смеса.
  4. Готовото смути истурете го во чаши и послужете го.

Совет плус: Кога ќе е готово смудито пробајте го, ако не вие доволно благо можи да си додадете уште мед или кафеав шеќер по вкус.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Сподели: