макарони со печурки

Потпечени макарони со свежи шампињони и кашкавал

Ова е фантастично добар рецепт кој вреди да се проба! Сите ја обожаваме италијанската кујна, а тестенините прв избор на многумина. Па, кога станува збор за потпечени макарони, никој не може да одолее.

Е баш ваков рецепт за потпечени макарони со печурки, печеница и кашкавал ни испрати Невена. А наведените состојки во рецептот, гарантираат гурманско уживање.

потпечени макарони

Состојки:

  • 300 гр тестенини
  • 500 гр свежи шампињони
  • 120 гр печеница или сланина, свински врат или шунка
  • 1 мала главица кромид
  • 1-2 лажици магдонос
  • 100 гр кашкавал
  • сол
  • црн пипер
  • масло.

Прелив:

  • 3 средни јајца
  • 250 гр кисела павлака
  • по потреба путер и лебни трошки за мачкање на тавата за печење
  • 3-4 шери домати за декорација.

Подготовка:

  1. Во поголема количина посолена и зовриена вода сварете ги тестенините за време означено на паковањето. Потоа исцедете ги.
  2. Печеницата или сувомеснатото што ќе го изберете исечете го на лентички и малку пропржете го со малку масло. Оставете го на страна.
  3. Шампињоните исчистете ги, измијте ги и исечете ги на тенки ливчиња.
  4. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го со малку масло. Додајте ги печурките, зачинете ги по вкус и оставете ги да се динстаат додека течноста што ја пуштаат целосно испари. Додајте го и магдоносот, измешајте ги и оставете ги кратко време да се изладат.
  5. Кашкавалот ситно изрендајте го.
  6. Тавчето за печење намачкајте го со путер и посипете го со лебни трошки.
  7. Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.
  8. Јајцата изматете ги со вилушка, па додајте ја киселата павлака и повторно изматете ги заедно да се изедначат.
  9. Во погодна тава измешајте ги тестенините, печурките, печеницата и кашкавалот.
  10. Ставете ги во тавата за печење и порамнете ги. Одозгора со лажица рамномерно распоредете го преливот. На неколку места ставете ги шери доматите исечени на кругчиња.
  11. Ставете ги да се печат во загреаната рерна за време од 20 до 25 минути. Топлите потпечени макарони послужете ги веднаш. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.

Ви предлагаме да прочитате: Брза пита од потпечени кори со сирење.

Сподели: