похувани прстени од кромид - похуван кромид

Похувани прстени од кромид

Супер мезе за со чаша ладно пиво и добро друштво! Има добар фудбалски натпревар или филм вечерва? Направете домашна даска со похувани прстени од кромид и пилешки прсти, и забавата може да започне. 

За поздрава варијана, наместо да ги пржите прстените од кромид, наредете ги во тава обложена со хартија за печење и испечете ги. Вкусот е поеднакво добар.

похувани прстени од кромид - похуван кромид

Состојки:

Подготовка:

  1. Секоја главица кромид пресечете ја на кругови со дебелина од околу 6 до 7 милиметри. Од секој круг извадете по 2-3 прстена.
  2. Во длабок сад ставете го млекото. Прстените од кромид потопете ги во млеко и оставете ги да стојат околу 15 минути.
  3. Во чинија ставете го брашното. По подлабока чинија ставете ги лебните трошки и палентата, и добро измешајте ги.
  4. Јајцето и малку сол ставете во длабока чинија и изматете ги со виљушка.
  5. Потоа, секој прстен од кромид извалкајте го во садот со брашното, па потопете го во изматеното јајце и на крај извалкајте ги во смесата од лебни трошки и палента.
  6. Во тава на оган, на средна температура ставете масло да се загрее. Припремените прстени од кромид, пржете ги во тавата со загреано масло, од секоја страна по 2-3 минути. Потоа, извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Пржениот похуван кромид послужете го додека е топол. На здравје!

Сподели: