винкова конференција 1

По четврт пат Сѐ за храна е дел од хуманитарната Винкова конференција

Не е потребна причина за да се помогне некому. Доколку секој би давал несебично барем онолку колку што може, светот би бил многу поубаво место за живеење. Под мотото „Моќта на хуманоста во градот Битола” на 13 декември се одржа Тортијада во организација на Винкова конференција.

Како и секоја година, хуманитарните фирми, организации и граѓани донираа и купуваа торти, колачи и цвеќе. Собраните финансиски средства се наменети за помош на младиот битолчанец Горазд Николоски Гого.

По четврт пат Сѐ за храна беше дел од овој хуманитарен настан со донација на здрави колачи без шеќер, глутен и транс масти. Нашата цел беше да се докаже дека слатките колачи може да бидат вкусни и здрави. Во продолжение погледнете фотографии од хуманитарна донација од Сѐ за храна и многу други останати хумани луѓе и организации. Се надевамe дека ви се допаѓаат изложените слатки дела:

винкова конференција

Сподели: