praznicen venec za veligden 1

Празничен Велигденски венец

Се ближи Велигден, па празничното расположение е тука и припремите за прекрасните моменти кога се собира целото семејство се во тек. По тој повод, креативната Лидија ни предлага рецепт за превкусен Велигденски венец кој може да го направите деновиве и да се почестите со своите најмили и најблиски.

Вкусот е одличен , со арома која остава впечаток на свежина и слатки ноти. Најдобро ќе знаете за што зборуваме откако ќе го пробате!

praznicen venec za veligden 2

Состојки:

За тесто:

  • 25 гр квасец
  • 350 мл млако млеко
  • 70 гр шеќер
  • 1/2 лажичка кардамон или ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 75 гр путер, омекнат на собна температура
  • 550 гр брашно.

За фил:

  • 125 гр путер, омекнат на собна температура
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 70 гр шеќер
  • рендана кора од 1 портокал.

За премачкување:

  • 1 матено јајце.

Од оваа количина на состојки ќе добиете 2 празнични венци за Велигден.

Подготовка:

  1. Во сад за матење се става квасецот и се меша со млаката вода, а потоа се додаваат сите останати состојки за замесување на тестото. Се меси за убаво да се соединат состојките, се остава да стаса околу 50 минути.
  2. На работна маса наросена со брашно, размесете го тестото и поделете го на 2 дела.
  3. Од секој дел исучете форма на правоаголник со дебелина од 1 см.
  4. Во одделен сад припремете го филот. Ставете ги сите состојки и измешајте ги добро за да се формира кремаста смеса. Филот поделете го на половина и филувајте ги корите, а потоа свиткајте ги во форма на ролат.
  5. Во претходно припремен плех со хартија за печење, оформете тркалезен венец. На од прилика 2 см засечете го тркалезниот ролат со ножица, но не го засекувајте тестото потполно.
  6. Засечените делови завртете ги еден по еден на лева страна, па на десна страна и така се направете со сите делови за да добиете изглед на венец.
  7. Празничниот велигденски венец оставете го во плехот на собна температура уште 40-тина минути за да нарасне.
  8. На крај, со помош на кујнско четче, премачкајте го со матеното јајце и печете во загреана рерна на 200 степени, за време од околу 30 минути.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Може да ве интересира и козињак со суво грозје и портокал.

Сподели: