Празнична декорација од портокал и каранфилче.

Празнична декорација од портокал и каранфилче

Направете си сами ароматична празнична декорација од портокал и каранфилче, фантастична е за секој дом! Прекрасниот мирис кој се шири низ просторот ќе ве релаксира и ќе ја разубави празнична атмосфера. Ширум светот, портокалот во комбинација со каранфилче претставува традиционална празнична декорација.

Празнична декорација од портокал и каранфилче

Еве како може да ја направите празничната декорација од портокал и каранфилче:

Потребни ви се:

  • 3 портокали
  • Една ќесичка сушени каранфилчиња.

Подготовка:

  1. Каранфилчињата ставете ги во чинија и селектирајте ги, затоа што за оваа декорација потребни се целосно здрави парченца.
  2. Со помош на дрвено стапче за ражнич, внимателно направете отвори во портокалите.
  3. На местата на кои сте направиле дупчиња, ставете гранчиња од каранфилчиња. По желба може да додадете борови гранки и други украси, со цел да се добие подобар и побогат изглед на украсот.

Уживајте во зимските празници со прекрасниот мирис на вашата нова празнична и ароматична декорација!

Сподели: