тегла со снежна топка

Направете празнична тегла со снежна топка

Празничната еуфорија започна! Кој ги обожава декоративните снежите топки? Кој ги обожава теглите полни со колачиња и бонбони? Ако одговоривте потврдно, оваа лесна идеја која може да ја направи секој, е токму за вас.

Снежните топки се забава за децата и за возрасните. Постојат во различни големини, најчесто со новогодишни и божиќни мотиви. Празничните тегли со снежна топка над нив прекрасно изгледаат, а може да ги направите многу полесно отколку што мислите. Погледнете го видеото и следете ги инструкциите.

Декоративна празнична тегла со снежна топка

Еве што треба да си набавите, пред да започнете со подготовка:

  • стаклена тегла со капак
  • мали новогодишни украси
  • лажен снег
  • декоративна лента која ќе ја врзете околу теглата
  • лепило или силиконски пишток
  • бела хартија
  • ножици
  • транспарентна пластична ѕинѕурка.

Подготовка:

  1. Со помош на капакот од теглата, врз белата хартија исцртајте круг. Потоа кругот исечете го и залепете го во внатрешноста на капакот.
  2. Од новогодишните ѕинѕурки отсечете ја врвката. Врз долниот дел ставете лепило. Доколку имате на располагање може да користите и силиконски пиштол, па украсите залепете ги врз горниот дел на капакот.
  3. Врз украсите ставете лажен снег.
  4. Транспарентната ѕинѕурка поделете ја на два дела.
  5. На краевите на капакот ставете лепило и залепете ја едната половина од ѕинѕурката.
  6. Теглата наполнете ја со омилените колачи или бонбони, а потоа затворете ја со декорираниот капак. На крај, секоја тегла заврзете ја со украсна лента. Уживајте во празничната атмосфера!

Ви предлагаме да прочитате: Направете уникатни новогодишни декорации со светки.

Сподели: