Празнични медени колачи

Празнични медени колачи

Новогодишните празници се наближуваат и секој дом го красат убави декорации кои го најавуваат доаѓањето на новата годуна. Традиционално За новогодишните и божиќни празници во голем број домови се припремаат најразлични суви и медени колачи кои претставуваат вистинско уживање и радост за најмалите. 

А едни од омилените, се празничните медени колачи кои можете да ги направите во различни форми, да се препуштите на фантазијата и да ги декорирате по желба.

празнични медени колачи

Состојки:

  • 700 грама брашно
  • 250 грама шеќер
  • 60 грама путер или маргарин
  • 4 јајца
  • 150 грама мед
  • 10 грама сода бикарбона
  • 1 мала лажичка какао
  • 1 лажичка мешани зачини (каранфилче, цимет и анасон).

За глазура:

  • 160-200 грама шеќер во прав
  • 1 белка
  • сок од половина лимон
  • 1 лажица густин.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете ги состојките за тестото. Замесете тесто (може да користите и миксер). Покријте го тестото и оставете го кратко време.
  2. На набрашнета подлога, расукајте кора и со калапи за колачи исечете различни форми.
  3. Формите ставете ги во намрсен плех или во плех обложен со хартија за печење.
  4. Колачињата печете ги во загреана рерна на 220 степени околу 7 минути.
  5. Во сад за матење ставете ја белката и матете ја со миксер. Во садот постепено додадвајте го шеќерот во прав. Кога смесата ќе биде густа и бела, додајте неколку капки лимонов сок и густин. Исто така можете да ја поделите глазурата во неколку садови и да додадете различни прехранбени бои и да ги украсите медените празнични колачиња.

Сподели: