Праз - зеленчук за долговечност и силен имунитет.

Праз – зеленчук за долговечност и силен имунитет

Дали знаете дека освен што е вкусен и хранлив, празот спаѓа во групата нискокалорични зеленчуци кој што има 90% вода и само 31 калорија? Свежиот праз е најдобриот избор кој може да го направите, бидејќи при термичката обработка делумно се менуваат корисните состојки во него.

Празот бил одгледуван уште од старите Египјани, Грци и Римјани, и смета за многу лековито растение кое според нутритивниот состав е слично на кромидот и лукот. Во споредба со нив содржи повеќе витамин Ц, белковини и бета-каротен. Исто така, содржи и органосулфидни компоненти – фитохемикалии кои заедно со некои витамини и минерали, дејствуваат поволно врз здравјето.

Праз - зеленчук за долговечност и силен имунитет

Хранителна и здравствена вредност на празот

Белиот дел, односно главицата на празот изобилува со природни шеќери, фруктоза и сахароза, па затоа има малку сладок вкус. Зелениот стеблест дел и перјата на празот содржат витамини и активни супстанци кои се значајни за зајакнување на имунитетот, па од таа причина препорачливо е да се јаде повеќе праз во текот на есента и зимата, со цел да се заштити организмот од вируси. Од минералите, најзастапени се манган и натриум, а од витамините K и А. Празот е познат диуретик, а тоа значи го поттикнува излачувањето на токсините од организмот.

Алицинот во неговиот состав овозможува да дејствува во организмот како природен антибиотик и да го одржува имунитетот силен и отпорен. Исто така, алицинот помага за намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта, од што можеме да потврдиме дека празот е природен превентивен лек против кардиоваскуларните заболувања.

Голем број медицински истражувања покажале дека е корисен при алергија, анемија, астма, атеросклероза, болести на срцето и крвните садови, бронхитис, зголемена телесна тежина, губење на апетит, депресија, импотенција, камен во бубрези, превенција и лечење на рак, неплодност, зголемено ниво на холестерол и масти во крвта, настинка и грип, и проблеми со тероидна жлезда.

Празот е богат со етерични масла кои стимулираат зголемено лачење на дигестивните сокови и подобро варење на храната. Најдобро е да се јаде свеж, како додатoк во салати, но може и кратко да се динста, да се додава во чорби и солени пити. Неговата примена е идеална во комбинација со мрсни јадења бидејќи е богат со целулоза, го олеснува варењето на храната и го стимулира празнењето на цревата.

Може да ве интересира и за влијанието на празот врз имунитетот.

Сподели: