печен компир во микробранова

Пригответе печен компир за само 4 минути

Супер брз рецепт за сите кои немаат многу време да поминуваат во кујната! Ако ви се каснуваат печени компири, потребни ви се само 4 минути за да го направите омиленото јадење.

Компирите се еден од најбогатите извори на скроб, витамини, минерали и растителни влакна. Содржат многу малку масти (само 0,1 грам на 100 грама) и не содржат холестерол, па се одлична здрава храна која треба да биде дел од вашата трпеза. Сега за само 4 минути можете да испечете компир со средна големина и да уживате во неговиот вкус. Следете ги инструкциите и погледнете го видеото.

Состојки:

  • 1 компир со средна големина
  • путер и кашкавал по желба.

Подготовка:

  1. Компирот добро измијте го. Потоа со помош на виљушка избоцкајте го длабоко неколку пати.
  2. Земете еден лист кујнска хартија и ставете го под млаз со вода.
  3. Водената кујнска хартија отворете ја и поставете го компирот во средината. Компирот добро обложете го со изводената кујнска хартија, од сите страни како што е прикажано на видеото.
  4. Компирот ставете го во микробрановата печка и печете го на висока фреквенција за време од 4 минути. Доколку користите поголем компир ќе ви биде потребно повеќе време за печење.
  5. Потоа, компирот извадете го од микробрановата, отстранете ја хартијата и проверете дали е добро испечен. По потреба, повторно изводенете ја хартијата, поставете ја врз компирот и продолжете го печењето за кратко време.
  6. Готовиот печен компир, пресечете го на половина и додајте парче путер или кашкавал по желба. Послужете го додека е топол. На здравје!

Сподели: