piperki so domati 1

Прилог од пиперки со домати, тиквичка и модар патлиџан

Ова е еден од нашите омилени летни рецепти од пиперки со домати кои често пати ги правиме за појадок или вечера. Лесно, едноставно, вегетаријански и посно за сечиј вкус! А плус тоа богато со зеленчуци, динстано и здраво.

Не веруваме дека има Македонец кој не ги обожава макалата и специјалитетите со пиперки и домати, па затоа овој рецепт го споделуваме со вас. Може да го послужите како прилог со месо или парче сирење и топол леб.

прилог од пиперки со домати

Состојки:

  • 5-6 пиперки
  • 1 модар патлиџан
  • 1 тиквичка
  • 3-4 домати
  • 2 лажици маслиново масло
  • сечкан лук и магдонос по желба
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Пиперките измијте ги и исечкајте ги на мали коцки. Модриот патлиџан и тиквичката излупете ги и исчекајте ги на мали коцки.
  2. Доматите исечкајте ги на мали коцки.
  3. Во нелеплива тава на оган ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло додајте ги пиперките. Тавата поклопете ја со капак и оставете кратко време да се динстаат.
  4. Во тавата со омекнатите пиперки додајте ги модриот патлиџан и тиквичката. Измешајте и повторно поклопете ја тавата. Динстајте за време од 5 минути, а во меѓувреме повремено примешувајте ги. По потреба додајте масло.
  5. На крај додајте ги сечканите домати и измешајте. Посолете по вкус. По желба додајте ситно сечкан лук и магдонос. Прилогот од пиперки со домати динстајте го уште две до три минути. Послужете го додека е топол, со парче сирење или месо. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Македонско традиционално макало.

Сподели: